Во своето вечерно обраќање претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им понуди на САД помош во гасењето на катастрофалните пожари во околината на Лос Анџелес.
„Денеска им дадов инструкции на украинскиот министер за внатрешни работи и на нашите дипломати да се подготват за можно учество на наши спасувачи во борбата со шумските пожари во Калифорнија.
Ситуацијата таму е екстремно тешка и Украинците можат да им помогнат на Американците во спасувањето животи.
Ова во моментов се координира и ние можеме да ја понудиме нашата асистенција на американската страна преку релевантни канали. Веќе се подготвени 150 наши пожарникари“, рече Зеленски во видео пораката.






