На Украина не и требаат странски војници на нејзина територија, изјави претседателот на земјата Володимир Зеленски, одговарајќи на  неговиот француски колега Емануел Макрон, кој не ја исклучи можноста во иднина да испрати војници во Украина.



„Фактот што тој рече дека не можеме да „исклучиме“ ништо, мислам дека пред сè е поврзано со Владимир Путин.

„Сè додека Украина се држи, француската армија може да остане на француска почва.

Но, ако Путин  нападне друга земја на НАТО, ситуацијата ќе биде сосема поинаква“, рече Зеленски, мислејќи на членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува колективен одговор во случај на напад врз една или повеќе членки на блок.

„Вашите деца нема да умрат во Украина“, рече Зеленски, обраќајќи им се на Французите.

Кон крајот на февруари, Макрон по состанокот со западните лидери за поддршка на Украина рече дека „денес нема консензус за испраќање копнени трупи“ во земјата, но „ништо не може да се исклучи во иднина“.

Запад контра Макрон: Нема испраќање трупи во Украина

Неговите зборови предизвикаа критики и од Русија и од западните партнери. Многу земји ја отфрлија можноста да испратат своја војска во Украина.