Тој треба да слета на лондонскиот аеродром „Станстед“ во 11 часот по локално време, јави Киев индепендент
Зеленски потврди дека ќе отпатува во Лондон по неговата посета на Соединетите држави за време на прес-конференцијата на 26 февруари. Тој ќеучествува на самитот со европските лидери, чиј домаќин е британскиот премиер Кир Стармер, за да разговараат за заедничките одбранбени и безбедносни планови во недела.
Изјавата на Стармер во петокот навечер потврди дека тој разговарал со американскиот и украинскиот претседател по нивниот судир во Белата куќа, објави Би-Би-Си.
Според извештајот, Стармер ја задржува „непоколебливата поддршка за Украина“.
Голем број европски лидери на 28 февруари ја потврдија својата поддршка за Украина и претседателот Зеленски, вклучително и полскиот премиер Доналд Туск, францускиот претседател Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други лидери.






