Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири на Фејсбук објави дека наскоро ќе се формира група од 10 членови, пет од Косово и пет од Македонија, за почнување на работите на патот Тетово – Призрен , а договорот ќе биде потпишан на почетокот на октомври.



„Во координација со косовскиот министер Либурн Алиу, решивме наскоро да потпишеме договор за проектирање и да создадеме работна група, согласно претходно потпишаниот меморандум. Оваа работна група ќе ја сочинуваат пет члена од двете земји, со вкупно десет членови, кои ќе имаат задача да го изберат дизајнерот на проектот и потоа да го надгледуваат неговото спроведување“, напиша Шаќири.

И градоначалникот на Тетово и воедно еден од лидерите на ВРЕДИ, Билал Касами, кој е дел од Владата, рече дека се работи на реализација на овој проект.

Патот Тетово-Призрен ќе го финансираат и Косово и Македонија и ќе чини над 200 милиони евра. Телеграфи