Доколку нема усогласување на платите со минималната плата, Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести.



„Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата.

Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата“, нагласи националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски.

Тој појасни дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи.

Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови рече тој.