Незадоволни од непотпишување на анексот на колективниот договор со кој требаше да им се зголемат платите на вработените, здравствените работници утре излегуваат на протест – пренесе Канал5.
-За жал непотпишувањето значи дека не само што нема да се усогласат платите туку ниту дополнително да се зголемат и за жал креаторите на политките ги образуваат овие луѓе за потоа да работат веројатно во Германија. Тоа е најлошиот пример за Македонија, кога вие трошите ресурси за да образувате одредена категорија на работници потоа тие работници да ви заминат од државата поради мизерните плати. Во името на сите здравствени работници и сите здравствени работници треба да излезат на протестот имајќи предвид дека за плата се протестира, а доколку не им треба плата може удобно да си седат во своите канцеларии или домови рече – Слободан Трендафилов – Претседател на ССМ.
Ова е само еден од низата најавени протести до најголемиот кој синдикатите ќе го одржат на денот на работникот, 1 мај, на кој очекуваат да им се приклучат и сите останати синдикални организации во земјава, како и граѓани, работници од приватниот сектор, а ги повикаа и политичарите. Трендафилов вели целта е да се дигне гласот на 7 дена пред изборите за јасно да дадат дознаење на сите идни политичари што му е потребно на работникот и дека неговите права мора да се почитуваат.
И од КСОМ веќе соопштија дека се прават последните подготовки за големиот првомајски протест, на кој и оваа година најверојатно ќе се приклучат на ССМ како и лани.





