Зврлевски го спаси Апостол Петар, Талат Џафери за „Рамазан“ врати со почит

Празникот Петровден е причината за одложувањето на седницата на која се дебатира за смената на јавниот обивнител Марко Зврлевски.



Иако најави дека во случај на барање паузи од пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ ќе ги продолжува седниците и по 18 часот спикерот Талат Џафери денеска ја прекина седницата за да оддаде почит кон верскиот празник Свети Петар и Павле кои што го слават православните пратеници. Предхдно пратеници на ВМРО – ДПМНЕ му порачаа дека исто како што тие имале разбирање за празникот Рамазан тој треба да има почит кон денешниот христијански празник.

Седницата продолжува утре за кога за збор се јавија 80 пратеници.

Доколку расправата и гласањето на заврши утре поради рокови и процедури во собранието и поради одржување на седници на комисии кои што не можат да се одвиваат паралелно со пленарни седници постои опасност Зврелвски да остане јавен обвинител се до Октовмри по локалните избори.

За време на денешната расправа делод пратениците го обвинија Зврлевски дека е дел од криминалната врхушка на опозицијата и дека намерно застарувал случаи како Актор и Македонска Банка.

Во настапот пред Собранието Зврлевски рече дека во предлогот на владата за негово разрешување никаде нема ниеден аргумент или обајснување кое потврдува дека тој нестручно и несовесно ја вршел функцијата.

Тој тврди дека против него се води политичка хајка и ја обвини владата дека не го познава законот за јавен обвинител.