„Зборнаја“ е првата жртва на Талевски и другарите во Алжир

Руската млада ракометна репрезентација беше првата жртва на Македонија која со победа стартуваше на Светското ракоменто младинско првенство во Алжир. Попладнево во  првото коло во Ц групата ја совладавме Русија со 29:22.



И покрај тоа што на одморот Русија замина со предност од 11:10 Македонија имаше контрола на мечот, имаше водство во најголем дел од првото полувреме, а во вториот дел и покрај трите гола предност на Русија во финишот немаше неизвесност.

Во првите 5 минути од вториот дел Русија поведе со  11:14, но во наредните 10 минути одбраната и Филип Талески со серија од 8 : 3 јасно ставија до знаење кој ќе ги земе бодовите.

Во 55-та минута Македонија водеше со седум гола 27:20 по што до крајот само рутински беа постигнати уште по два гола за двете селекции.