За 8 хеликоптери ќе одлетаат 230 милиони евра – има ли сомнежи за предмет во ДКСК?

Двесте и триесет милиони евра за набавка на хеликоптери за армијата. Реална потреба или  незаконско трошење од страна на Владата во предизборие? 



Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да ја стопира набавката и неа да ја спроведе идната Влада. Од опозицијата обвинуваат дека наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.

– Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се изберени другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум.Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави.Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката Петровска пак, чиј потпис стои на договорот вчера рече дека е уверена во  стучноста на луѓето кои го спровеле тој процес. Но, зошто набавката се прави во предизборен период? Петровска тврди дека истата била договорена многу порано.  

Дали случајот заслужува внимание од Државната комисија за спречување на корупција и дали антикорупционерите ќе го расчешлаат? ТВ 24 прашале, но не добиле одговори од претседателката на Комисијата. 

Сепак колку ваков тип на хеликоптери и се потребни за државата? И дали доколку не бевме членка на НАТО нивната набавка ќе беше возможна, професорот за безбедност Методи Хаџи Јанев вели дека за да се овозможи тоа треба да се исполнат одредени предослови. Потенцира дека со ваквата набавка  на ваков систем се купува и оджување, влијание и партнерство кое што трае години.

Осумте хеликоптери треба да пристигнат во Македонија до крајот на 2028, а министерката како среќна околност го најави плаќањето на рати на 230 милиони евра.

Извор:ТВ24