Оза застрашувачко сведоштво го соопшто претседателот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).



„Бројот на наводно убиени деца за само четири месеци во Газа е поголем од бројот на убиени деца за четири години во сите конфликти ширум светот“, напиша Филипе Лазарини на социјалната мрежа Х, осудувајќи ја „војната против децата“, пренесува N1.

Според ОН, 12.193 деца загинале во конфликти ширум светот од 2019 до 2022 година.

Израел претходно обвини 12 од 30.000 вработени во УНРВА за учество во смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври, но Лазарини пред неколку дена изјави дека нема докази дека некој од вработените во агенцијата бил вмешан во нападот на Хамас врз Израел во октомври.

Тој оцени дека таквите обвинувања доаѓаат од израелската влада со цел да се спречи хуманитарната помош за палестинските цивили.