Оваа одлука не беше поштедена од критики во кои, се истакнува дека 2040. е малку доцна и дека тоа треба да се случи уште во 2025 година. Се споменува и дека сето ова всушност е манипулација која треба да го прикрие недостатокот на моментални акции во однос на ова прашање бидејќи годишно од загадениот воздух во Британија умираат 40 илјади луѓе.
Претходно слична забрана најави и Франција, што е повеќе од јасен сигнал дека во иднина ниту еден автомобил нема да може да се продава ако нема некоја еколошки прифатлива технологија како електрична, хибридна или водородна.




