Вработените во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22 отсто, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за месец јануари, согласно вчера донесените заклучоци на Владата..
Со ова, започнува исполнувањето на обврската на државата, којашто произлегува од Kолективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа, потпишан на 29.12.2022 година, а со примена од 01.01.2024 година.
Според информацијата од Министерството за образование и наука, вкупно 3.000 професори, асистенти, административни и технички лица ќе почнат да добиваат зголемен износ на личниот приход по основ на плата за околу 22%, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од месец март, кога е предвидено и зголемување на минималната плата во државата.
Станува збор за обврска согласно Kолективниот поединечен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија, како основач на високообразовната установа, а чијашто цел е унапредување на правата, можностите и материјалната состојба на вработените на Универзитетот.





