За 13 декември одложена одлуката за Грујевски и за Бошкоски

Судот во Солун го одложи за 13 декември рочиштето за барањето на Македонија за екстрадиција на поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои Специјалното јавно обвинителство ги бара за случајот „Тврдина 2“.



Судскиот Совет за жалби македонското барање требаше да го разгледува денеска, но расправата се одложи поради отсуството на еден од адвокатите на обвинетите.

Двајцата ќе останат во притвор, а задутре повторно ќе се појават во судница, овој пат за фалсификуваните бугарски пасоши со кои се обиделе од солунскиот аеродром „Македонија“ да одлетаат за Будимпешта.

Грујевски и Бошкоски пред грчките власти се пожалија на „политички прогон“ во Македонија и бараа да не бидат екстрадирани поради страв за своите животи.