Рокот за поднесување на пратеничките листи до Државната изборна комисија (ДИК) истекува денеска а досега најмалку 840 кандидати најавија дека влегуваат во трка да ги пополнат 120-те места во идниот парламентарен состав.
Официјалноа кампањата за парламентарните избори ќе започне на 18 април, а по изборите на 8 мај се очекува да се конституира новиот парламент.
Пријавените, вклучително и кандидати од партиите од албанскиот блок, ќе имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици, дури и во „тројката“ и „четворката“ каде досега за пратенички мандати вообичаено трчаа само партиите од македонскиот блок партии, пишува РСЕ.






