Компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ што можат да го добијат е 10 милиони евра. Фирмите ќе ги добијат парите со каматна стапка од 1,95 проценти, грејс период од три години и 12 години рок на отплата. Практично, сега освен за нови производствени капацитети и нова опрема, средства од унгарскиот заем ќе може да бидат доделени и за обновливи извори на енергија, како и за објекти кои компаниите ќе се користат како административни згради. Средствата се од унгарската кредитна линија, со што Развојната банка сега може да ги потпише договорите со банките, а средствата да станат оперативни.
Компаниите ќе имаат пристап до кредити со рок на отплата до 15 години и грејс период од три години. Каматната стапка изнесува 1,95 проценти без дополнителни надоместоци, а максималниот износ за аплицирање е 10 милиони евра. Сите 13 комерцијални банки ќе бидат вклучени во проектот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција истакна дека постапката ќе биде целосно транспарентна и критериумите еднакви за сите.

- „Трошоците за одобрување се нула денари. Со денешните одлуки, влегуваме во завршната фаза од операционализацијата на средствата од унгарскиот заем. Со потпишување на договорите, Развојната банка ќе ги добие средствата од Буџетот, кои понатаму ќе бидат пренесени до банките, а оттаму до компаниите,“ изјави министерката.
Средствата се очекува да го поттикнат развојот на македонскиот бизнис сектор, обезбедувајќи долгорочни и поволни финансиски решенија.
Според Владата, ова е најголемата сума досега дадена на располагање на бизнис секторот под исклучително поволни услови, со очекување дека ќе се зголеми конкурентноста на компаниите и ќе се отворат нови работни места.





