За членство во ЕУ се 55 проценти Македонци наспроти 77 отсто Албанци

Поголем е соодносот на Албанци наспроти Македонци во поглед на членството на Македонија во Европската унија, покажува анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) на барање на емисијата „Детектор“ на телевизијата Сител.



Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во ЕУ, а негативен одговор би дале 23,5 отсто од граѓаните.

Речиси секој трет граѓанин на Македонија или 29,6 проценти велат дека земјата никогаш нема да се приклучи на ЕУ, а 20 отсто, сепак, сметаат дека тоа може да се случи во следните пет години. 

Истражувањето на јавното мислење со телефонска анкета е спроведено од 1 до 4 март годинава на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници од целата држава.