За Фетаи Таравари и неговото крило се циркус, кој се артанизира со доближувањето кон ДУИ и Али Ахмети!

“Вицепремиерот Арбен Фетаи го опиша како циркус собранието на АА крилото во АА, предводено од Арбен Таравари, каде беа разрешени 8 од вкупно 46 членови на централното раководство, меѓу кои и Арбен Фетаи, претседателот на партиското собрание. Фетаи рече дека неговото разрешување е нелегитимно бидејќи не се добиени соодветните потписи. Фетаи ќе докаже дека Таравари нема потребен број на гласови за овие одлуки, и повтори дека АА останува во Владата и во коалицијата Вреди.“ – објави ТВ Алсат.

Телевизијата истакнува. „Ниту сум видел, ниту јас сум пратил покана. Не сум видел ниту потписи од две третини од членовите на собранието како што бара статутот. Тоа лажно собрание, кое беше свикано првично како собрание, се деградираше во состанок со граѓани во Куманово, каде што избраа одреден шеф на штаб. Тоа не беше ниту собрание, туку политичка фарса, циркус, што се навикнавме да го гледаме со нашиот претседател изминативе седмици. Знаеме дека законското, статутарното право е на наша страна и продолжуваме во Вреди, да останеме во Владата и да им излеземе во пресрет на Албанците, за да ги исполниме ветувањата, што сме ги дале.“ – посочи Фетаи.

Коментирајќи ги навредите, упатени од Таравари и Снопче, Фетаи изрази жалење, велејќи дека тие зборуваат со речникот на Артан Груби. „Жалиме за ‘артанизацијата’, што се случи кај оние наши пријатели кои зборуваат за куфери, сакајќи Албанците да ја напуштат оваа земја. Имам порака за мојот претседател Арбен Таравари: ги зедов куферите, за да дојдам од Белгија и не се помрднувам оттука. Зближувањето со ДУИ ги води кон патот на артанизацијата, што веќе ја покажуваат, поради нервозата, со која се соочуваат кога гледаат дека луѓето ги напуштаат во секој огранок, во секој партиски форум, било да е тоа регионалниот форум, било да е тоа форумот на жени.“ – укажа вицепремиерот Арбен Фетаи.



Според него, АА не е за пазарење во замена за општински места. „Нема двојни избори, ќе има локални избори со два многу јасни блока. Нашиот претседател му го отвори патот на Али Ахмети, како што го отвори претходниот претседател. Им посакуваме среќа. Убедени сме дека на претстојните избори владината коалиција и коалицијата Вреди во албанскиот дел ќе победат во секоја општина. Кога ќе ти даде Али Ахмети шест општини, се знае дека цената, што ќе ја платите ќе биде многукратно повеќе од тие шест општини.“ – нагласи Фетаи.

Исто така и Сабри Азири, поранешниот шеф на кабинетот на Арбен Таравари, реагираше по неговото разрешување. Тој рече дека одлуката е неправедна и неоснована, додавајќи оти ќе се спротивстави на напорите за поделба и узурпација на Алијансата за Албанците.