Репортери без граници (РСФ) денеска поднесе нова тужба пред Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) поради „воените злосторства извршени од страна на Израел против новинарите“.



Резолуцијата 2222, на Советот за безбедност на ОН за заштита на новинарите во време на војна, која беше усвоена пред точно девет години, на 27 мај 2015 година, ја нагласува важноста од гонење и казнување на воените злосторства врз новинарите, објави РСФ.

РСФ бара ИЦЦ „да поведе истрага за злосторствата извршени на најмалку девет палестински новинари во периодот од 15 декември 2023 година и 20 мај 2024 година“.

РСФ тврди дека над сто новинари од Појасот Газа „убиени се од израелската армија“.

Тоа е трета тужба за смртта на новинари во Појасот Газа пред ИЦЦ во Хаг, по оние на 31 октомври и 22 декември.

Во денешната тужба се спомнуваат „осум дополнителни случаи на повредени палестински новинари и еден известувач“, сите додека ги извршувале нивните должности“.

РСФ тврди дека има „разумни причини да верува дека некои од новинарите биле жртви на намерни убиства, а другите на намерни напади на израелската армија врз цивили“.