Шпанската фудбалска федерација немаше милост кон најдобриот играч на светот и за неговата немоќ да се воздржи по недосудениот пенал и исклучувањето во мечот на неговиот Реал Мадрид со Барселона во синоќешниот Супер куп дуел, па тој ќе паузира еден месец. Толку отприлика ќе трае санкцијата која на Кристијано Роналдо му е доделена поради оттурнувањето на судијата Де Бургос откако овој му покажа втор жолт односно црвен картон.



Португалецот во оваа ситуација дури може да биде и среќен зошто минималната казна беше 4, а максималната 12 натпревара што ќе го принудеше Роналдо да паузира во шпанскиот фудбал до ноември. Оваа казна секако не се однесува на средбите во Лигата на шампионите.