Според Светската здравствена организација, процентот на дебело население во Македонија скокнал од 14,37% во 1990 година на 30,65% во 2022 година, што претставува зголемување од 113,29%, покажуваа податоците на светската мапа на дебелина.
Дебелината сега е сериозна здравствена закана, не само на глобално ниво, туку и во Македонија, со сериозни импликации на јавното здравје и квалитетот на живот, пренесува „Плусинфо“.
Инаку во последните две децении, нивото на дебелина во светот скокна за 17 пати, а само Франција успеа да забележи пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година.
За разлика од тоа, земји како Бангладеш, Непал и Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 проценти.
Овие податоци јасно покажуваат дека епидемијата на дебелина сега е присутна на секој агол на Земјата.