За старосната граница за пензија се огласи и бизнисменката Анета Пешева

Предлогот на Фискалниот совет да се оди во пензија на 67 години, а кој речиси сите го отфрлија, многу се коментира и на социјалните мрежи.
Со свое мислење се огласи и Анета Пешева, позната бизнисменка и гласен говорник за општествените состојби.



„Поголема глупост од тоа старосната граница за пензија да се зголеми на 67 години не сум чула. Ова може само на неработници да им текне што цел живот одмарале во фотељите и јаделе од туѓо јасли.
Така сигурно ќе ни се вратат децата од туѓина, едвај ќе дочекаат со своите баби и дедовци да бидат колеги на работа“, напиша Пешева на фејсбук.