За ССМ е несериозно да се оди во пензија на 67 години

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов,  го оцени за несериозен предлогот на Фискалниот совет за остварување на правото за старосна пензија на 67 годинини.



Без волјата и потребата на работниците, оценуваат од ССМ, нивниот работен век не може да се продолжува и да се одложува заслуженото пензионирање како покритие за лошите политики долг период наназад.

„Доколку членовите на Фискалниот совет сакаат да помогнат во крпење на буџетот во Фондот за пензиско, можеби треба да почнат да плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за сите нивни приходи што ќе претставува пример и за останатите кој треба да се следи!“изјави Трендафилов за МИА.

Според него, потребни се мерки за зголемено вработување на младите по пат на реални и одржливи работни места како резултат на нови домашни или странски инвестиции и зголемување на платите, а со тоа и зголемување на средствата во Фондот за пензиско осигурување.

За младите да се задржат да живеат и работат во земјава,потребно е воведување на мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди.

Синдикатот бара и ангажман за трансформација на непријавената работа во пријавена, како и ангажман на инспекциските и други државни органи за наплата на социјалните придонеси во целост.

„Поради непријавената работа државата годишно губи 250 милиони евра кои остануваат во џебовите на газдите. Само на овој начин социјалните фондови можат и ќе станат реални и одржливи и ќе бидат вистинска заштита и сигурност за работниците и граѓаните во услови на болест, старост, невработеност“, вели Трендафилов.

Спорд него, потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на пензиската граница…