Иринеј, патријарх на Српска православна црква (СПЦ), го оцени како незрел потегот на Македонска православна црква – Охриска архиепископија (МПЦ-ОА), која побара од Бугарска православна црква (БПЦ) да ѝ биде црква-мајка.
„Тоа што сега го направија, барајќи од Бугарската црква да им биде мајка-црква, која нема никакви, ниту канонски, ниту историски основи, е доказ дека – тежок е зборот, но тоа е вистината – тие се незрели. Тие ја покажуваат својата незрелост да го решат своето прашање, губејќи ја од вид состојбата во која се наоѓа Македонија. Сите тие проблеми можеа да ги решат само во заедница со Србија. Србија им е вистински искрен пријател, без никакви амбиции, освен историски и фактички. Но, за жал, тие тоа не го направија“, изјави Иринеј во традиционалното предбожикно интервју за телевизискиот канал на СПЦ, „Храм“.





