За само 5 милиони долари: Трамп ќе издава „златна карта“ за населување во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп ги претстави плановите за нови дозволи за престој – „златна карта“ по цена од 5 милиони долари, пренесува AFP.



Новата скапа верзија на традиционалниот зелен картон, ќе доведе до нови работни места и може да се користи за намалување на националниот дефицит на САД.

„Ќе продаваме златна картичка. Вие имате зелена карта, а ова е златна карта. Ќе ставиме цена на таа картичка од околу 5 милиони долари“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Републиканскиот претседател, кој најави депортирање на милиони мигранти без документи, рече дека новата карта ќе биде пат до високо ценетото американско државјанство.

„Многу луѓе ќе сакаат да бидат во оваа земја и да можат да работат и да обезбедат работни места и да градат компании, рече Трамп. Тие ќе бидат луѓе со пари“.

Продажбата на картичките ќе започне за околу две недели, додаде Трамп.

„Ќе можеме да продадеме можеби милион од овие картички. Разработивме сè од правна гледна точка“, додаде Трамп.

Тој увери дека сите апликанти за новите златни картички ќе бидат внимателно проверени.

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник,  за златните картички рече дека „можеме да ги искористиме тие пари за да го намалиме нашиот дефицит“.
Трамп го прекина федералното финансирање на илегалните имигранти

Трамп дури предложи златната карта да биде именувана по него.

„Ако тоа помага, искористете го името Трамп“, одговори тој на новинарско прашање.