За прв пат има меѓународен документ за македонски идентитет и јазик – Ташев за извештајот на АФЕТ (ВИДЕО)

Еден од главните луѓе во бугарскиот тим кој се обидува да докаже дека Македонците се нова нација создадени на бугарски корени, Спас Ташев, во коментар за извештајот на Комисијата за надворешна политика на Европарламентот (АФЕТ) признава дека за прв пат има меѓународен документ во кој се признава македонски идентитет и јазик.



Во емисија на бугарската телевизија БТВ Ташев кој е поранешен директор на Бугарскиот културен центар во Скопје а сега е дел од Бугарската академија на науките вели дека во Европскиот Парламент прв пат постои меѓународен документ во кој се споменува македонски идентитет и јазик.

Според Ташев од овој документ кој допрва може да елаборира поширок вид на идентитет од што корист ќе има поактивната страна а таа според него е јасно дека е Македонија.

За водителката според која прифаќањето на извештајот на АФЕТ без зборот модерен за македонската нацијат е фијаско, Македонија е таа која што има многу лобисти во ЕУ а Бугарите можат само да гледаат филм.

Видеото од овој дел од дебатата на линкот

https://x.com/5891kripta/status/1938136662363476451?t=-tcUuFnrpURBRpZ5N_wRQA&s=19