Во синоќешната дебата со кандидатката за претседател Гордана Силјановска на Телма, нефот на државата и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски водат „задкулисни“ преговори со други партии за нејзина поддршка во вториот круг од претседателските избори закажан за 8 мај.
Според него таквото барање поддршка за претседателски кандидати, според него, значи дека тие не се независни од било кои центри на политичка и финансиска моќ.
„Претседателот на ВНРО-ДПМНЕ уште на незавршен прв круг, значи во рамки на кампањата велеше дека имаат направено коалиција и бараше поддршка од перспекктивни коалициски партнери за претседателскиот кандидат кој тој и тие го поддржуваат.
По завршувањето на првиот круг Мицкоски јавно рече дека разговарал и со Таравари и со Максим Димитриевски и во неконеклку наврати јавно повтори дека од нив бара поддршка и за претседателскиот кандидат.
Значи директни разговори со лидери за претседателските избори во кои ние со нашиот концепт треба да ги убедуваме граѓаните, без да бараме јавна поддршка и задкулисни и меѓупартиски договарања со другите перспективни коалициски партнери. Мислам дека тоа не доликува на највисоката политичка функција во државата“, рече Пендаровски.
На ваквите забелешки и критики, неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова му одговори дека партиите разговараат и преговараат, но граѓаните се тие коишто гласаат.





