„Кандидатот за претседател од редовите на Европскиот фронт Бујар Османи оценува дека паролата на ВМРО-ДПМНЕ ‘Македонија повторно твоја’ е незаконска и оти е шовинистички повик. Османи рече дека тоа е и причината за вчерашниот говор на Али Ахмети, кој директно му беше упатен на Христијан Мицкоски.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 ја пренесува изјавата на Бујар Османи во овој контекст: „Има елементи на прекршување на член 137 од Кривичниот законик и обвинителот мора да повика на одговорност: слоганот ‘Македонија повторно твоја’ е шовинистички повик. Да се има парола ‘Да ја вратиме гордоста’ е шовинистички повик. Шовинистички повик е и ‘Да ја вратиме гордоста’. Да барате 61 пратеник, за да ги исклучите другите заедници од донесувањето одлуки е, исто така, шовинистички повик. Овде има многу работа за обвинителот. Затоа ние се здруживме: за да не дозволиме повеќе ниеден ден изолација од ЕУ и да не дозволиме повеќе исклучување и надгласување. Помина времето за исклучувањата и надгласувањата под слоганот 61. Ова го поттикна Али Ахмети вчера да излезе од кожа.“





