Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во синоќшното телевизиско гостување рече дека новата влада е нелегитимна, зашто, според него, „нема легитимитет на албанскиот народ“.
За неговиот предлог уставните измени (Бугари во Устав) да се спроведат , но доколку Бугарија во следните 5 години продолжи да ја опструира Македонија со други прашања за патот до ЕУ, тогаш Собранието да ги суспендира уставните измени, Османи вели:
Османи предлага „пиши-бриши“ Бугари во Уставот
„Видете, во принцип, не треба ни да даваме предлог до Влада што ја сметаме за нелегитимна“, рече Бујар Османи во „Само интервју“ на Канал 5.
Но, рече дека ѝ давал политички идеи на Владата, како поранешен министер, а не како член на ДУИ.
„Не дадов правен предлог, дадов политички идеи и тоа не како ДУИ, туку како поранешен министер за надворешни работи, затоа што овде се обидуваме да бидеме партнери на Европската Унија, дури и со нелегитимна влада“, вели Османи.






