За 5,3% ќе бидат повисоки мартовските пензии согласно најновото усогласување кои од понеделник ќе им бидат исплатени на 337.000 пензионери во земјава.
Според новата методологија, зависно од висината на пензиите, пензионерите можат да очекуваат зголемување од 600 до 3.000 денари.
Најниската категорија пензии која се движи од 12.500 до 16.000 денари, во која спаѓаат 40% од пензионерите ќе добие зголемување на пензијата од 662 до 850 денари.
Оние кои земаат пензија од 20.000 до 32.000 денари, или околу 93.000 пензионери, ќе добијат зголемување од 1060 до 1.696 денари.
Пензионерите кои досега земаа меѓу 30.000 и 50.000 денари, ќе добијат зголемување од 1.590 до 2.650 денари.
Нависоко „Усогласување“ од околу 3.000 денари ќе добијат пензионерите кои досега земаа над 54.000 денари месечна пензија.






