За Мицкоски, победа значи над 500 илјади гласови за Силјановска и над 55 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги исцрта целите на неговата партија и на коалицијата „Твоја Македонија“ од вториот круг на претседателските избори и од парламентарните на 8 мај.



„Не би сакал да зборувам за бројки, но идниот претседател Гордана Силјановска-Давкова би имала повеќе од 500 илјади гласови, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Твоја Македонија’ би имале повеќе од 55 пратеници“, одговори во интервју на ТВ Сител првиот човек на македонската опозиција и фаворит за премиер на прашањето „што значи победа“ според него.