Поранешната романска министерка за здравство Сорина Пинтија е осудена на 3 години и 6 месеци затвор поради примање поткуп, јавија романски медиуми.
Таа беше обвинета уште во април 2020 година за примање поткуп додека била управител на Окружната болница за итни случаи во градот Баја Маре.
Според обвинителите од Националната дирекција за борба против корупцијата, во периодот од ноември 2019 до февруари 2020 година, Сорина Пинтија побарала и добила преку посредник 10.000 евра и 120.000 леи, што претставува 7 отсто од вредноста на договорот за јавна набавка за градежни работи во болницата. .
Според судската одлука, Сорина Пинтја не може да биде избрана на јавна функција. Судот одреди и конфискација на 10.000 евра.






