За криминалот со мазутот, приведени 11 лица

 

Во врска со сомнителните набавки на деривати, синоќа во координирана акција на МВР и ОЈО ГОКК, беа спроведени претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и во Кичево.



При претресите, полицијата пронашла и одзела документација, 5 мобилни телефони, околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила, информираше МВР преку соопштение..

„Во рамки на акцијата, лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за органите на прогонот, додека едно е веќе во притвор. До ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава за ‘злоупотреба на службена положба и овластување’ и ‘перење пари и други приноси од казниво дело’ против 13 физички лица и едно правно лице. Осомничени се: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од Општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево, А.Ј. (40) од село Пласница и правно лице со седиште во Скопје. МВР, по насоки на надлежниот јавен обвинител, продолжува со истрагата и со преземање на дополнителни активности за обезбедување на докази поврзани со други потенцијални кривични дела“, се вели во соопштението.

Приведен Ратко Капушевски познат увозник на нафтени деривати.

Исто така, полицијата го „обезбедила“ приуството на Асмир Јахоски, првиот човек на „Пуцко Петрол“,

Разоткриена е мрежа на увозници кои противзаконски испорачале горива со сомнително потекло и квалитет кои најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија за околината.

Некои имиња инволвирани во криминалните активности често се споменуваа во минатото, како „заштитени“ од одредени центри на моќ.

Околу 10 милијарди денари биле „испумпани“ преку фиктивно договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителните горива.