За Коцијанчич, Каталонија не е Косово

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, изјави дека Брисел немал двојни стандарди  и дека косовскиот случај е „уникатен“, ден по каталонскиот референдум за незевисност на оваа шпанска покраина.



Гласноговорничката од Брисел се огласи  и  „меѓу редови“ му одговори на српскиот претседател и евро-оптимистот, Александар Вучиќ, кој наивно запраша зошто прашањето за каталонското барање за независност е нелегитимно, а косовското отцепување од СФРЈ доби меѓунаодна поддршка.

Со уставот д 1974, правата на Албаците во СФРЈ беа кренати на највисоко ниво.

По смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година, следеа демонстрации на косовски студенти и период на предизвикани воени судири од косовски поарааоени формации подржани од Запад.

Хавиер Солана, генерален секреретар на НАТО, Шпанец по потекло и хипик по вокација од 60-те, во март 1999 одобри бомбардирање на Југославија поради косовските барања за отцепување од Југославија, нсводното крење на човековите права и геноцидот врз малцинското насление.

Ричард Холбрук, американски дипломатски „булдожер“, беше еден од медиаторите на мирот на Балканот кој ја потврди „посветеноста“ на ЕУ за  Косово.

Европската комисија сега смета дека случаите на Косово и Каталонија биле „неспоредливи“.

За Коцијанчич,  Косово било единствена појава  „sui generis“ и како таква не можела да се спореди со било која друга ситуација.

Аналитичари, политиколози, експерти и историчри предидуваа дека „преседанот Косово може да ја отвори пандорината кутија“ и да доведе дол идеи за натамошни делби во рамките на унитарни држави.

Каталонја, а пред тоа Шкотска, се најистурените играчи кои бараат независност од матичните дртжви и претходни царства, зад кои веројатно ќе следат други региони: Јужна Осетија, Абхазија, Крим се примени на самоооцепување кои веќе се случија.