За колку поскапеле овошјето и зеленчукот?!

Според податоците на Државниот за статистика по култури на годишно ниво (октомври годинава – октомври лани) најмногу поскапел зеленчукот за 47,7 отсто. Цената на овошјето се зголемила за 6,8 отсто, а на виното за 14,6 отсто. Цените, пак, на житарките (пченица и ориз) се намалиле за 11 отсто, а на компирот за 3,9 отсто.На страната на трошоците најмногу пораснала цената на ветеринарните услуги за 9,5 отсто и одржувањето на опремата и на  зградите за 6,4 отсто. 



Намалување на цената, пак, е забележана кај ѓубривата за 6 отсто и кај енергијата и кај семињата за 7,4 отсто. 

Цените на земјоделските производи за една година пораснале за 14%, а трошоците за се намалиле за 1,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во октомври 2024 година, во споредба со октомври 2023 година на цените на растителното се зголемени за 14,7% додека цените на добиточното производство се зголемиле за 11,6%.

Гледано по култури на годишно ниво (октомври годинава – октомври лани) најмногу поскапел зеленчукот за 47,7%. Цената на овошјето пораснала за 6,8%, а на виното за 14,6%. Цените, пак, на житарките (пченица и ориз) се намалиле за 11%, а на компирот за 3,9%. На страната на трошоците најмногу пораснала цената на ветеринарните услуги за 9,5% и одржувањето на опремата и на  зградите за 6,4%.

Во светски рамки, дел од намирниците поскапеа. Најмногу поскапеле маслото, шеќерот, житариците и млечните производи.