За колку време до Лондон, Брисел,Берлин – Русија го користи ,,Орешник” за пропагандна војна

Русија се заканува и ја користи хиперсоничната ракета ,,Орешник” за пропагандна војна објавувајќи за колку време ова оружје може да стигне до главните градови на членките на НАТО.



Повеќе информативни руски извори денеска објавуваат до кинза колку време може да стигне новото оружје „Орешник“ кое може да носи 6 нуклеарни броеви глави.

Во целната зона се сите земји од континентална Европа, од Полска и Балтикот до Португалија, како и Велика Британија.

Покрај тоа, новите членки на НАТО Финска и Шведска се во целната зона.

Времето на лет на „Орешник“ според руските извори е:

■ Велика Британија – 19 минути
■ Полска – 8 минути
■ Белгија – 14 минути
■ Германија – 11 минути

Овие информации предизвикаа сериозни реакции на социјалните мрежи во западните земји со што делумно се остварува руската цел за предизвикување паника и тензии во јавноста со цел западните лидери да седнат на преговарачка маса и да се дојде до мир во Украина и во цела Европа.