Осум дена притвор му е определен на осомничениот за насилствата во Собранието, Игор Југ и вчера бил упатен на извршување на определената мерка, дознава ТВ 21 од Јавното обвинителство..
Српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, инаку поврзан со дипломатскиот скандал кога Белград го повлече целиот персонал од српската амбасада во Скопје, на една белградска телевизија го обвини Игор јУГ дека на 27 април влегол во Собранието наводно со намера да изврши убиство на еден партиски лидер.
Наводно, Игор Југ во спобранието носел оружје што можело да се види и од снимки.
Тој беше уапсен вчера во Куманово, во стан на само стотина матри од полициска станица, иако полицијата по него трагала цели пет месеци.
Во моментов, за осомничениот во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје се води истрага за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.
Актерот Тони Михајловски бара негова слобода и на својот фејсбук профил постави слика со транспарент на кој пишува „Слобода за Игор Југ, додека на социјалните мрежи се појави и фан страна со исто име и со околу илјада фанови.





