Екс лидерот на СДСМ Зоран Заев ги демантира тврдењата на Зијадин Села дека тој помогнал во бегството на Груевски и дека помогнал во победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите.
Заев на свој начин прашува дали Села е нормален и дали има последици од тепањето во парламентот.
,,Зарем има нормален човек кој може да поверува дека би бил против СДСМ?!
Човек што може да истреска такви забегани и налудничави работи не е достоен ниту да биде тужен од мене. Тој човек другите знаат каков е, ама добро и сам себе да се погледне и да заклучи дали треба или не треба да се занимава се уште со политика. Ако замина и повторно се врати во политика за да зборува вакви небулози, подобро за него ќе беше да не се враќа никогаш повеќе. Кога го читав тоа што го изјавил за мене, си помислив дај Боже да не е човекот ваков од пресилните удари од 27 април 2017″, вели поранешниот премиер Зоран Заев за „Фокус“, реагирајќи кон наводите на Зијадин Села за негова поврзаност со бегството на Никола Груевски и со убедливата изборна победа на Христијан Мицкоски.





