За еден ден тимoт на Груби изел 150 порции ќебапчиња!?

Новинарот Ивор Мицковски со коментар на веста дека „последните две порции од познатата ќебапчилница во Чаршијата, тимот на Груби ги дегустирал на 14.06.2024-та година, неколку дена пред формирањето на новата влада.



„Министерството платило на тој датум една сметка од 41 660 денари и втора сметка од 16 852. Вкупно тоа е околу 58 500 денари или околу 900 евра.

Цената на една десетка со кромид се движи меѓу 350 и 400 денари, па пресметано излегува дека последниот ден од користењето на услугите, соработниците на Груби со пари на граѓаните платиле сума во вредност на околу 150 порции телешки ќебапчиња“, објави Мицковски на Фејсбук.