Демократската унија за интеграција реагираше на средбата што се очекува да се одржи меѓу премиерот на државата, Христијан Мицкоски и првиот човек на СДСМ, Венко Филипче.
ДУИ оваа средба ја нарекува флерт меѓу двете македонски партии, што го докажува приемот на актуелната моноетничка власт и ја обвинуваат ВРЕДИ дека не реагирала.
„Ја изразуваме нашата длабока загриженост за се поизразената моноетничка доминација што Владата ја демонстрираше во првата година од своето владеење, а сега веќе на јавна сцена во овој тренд ја вклучува и македонската етничка опозиција.
Јавното мислење е згрозено од овој отворен флерт меѓу Мицкоски и Филипче, за полноќни средби во интимна политичка атмосфера, каде што се планира нов општествен договор за регулирање на идните политички текови, ниту помалку, ниту повеќе“ се вели во реакцијата на ДУИ за денешната средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Иако до сега не се прашани за ништо, гнасниот молк на албанскиот партнер во Владата е доказ за тотална покорност.
Да потсетиме дека Република * Македонија е добро познат модел на функционална мултиетничка демократија, со јасна евроатланска ориентација.
Овој систем на вредности е внимателно проткаен во трите основни документи на земјата: Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Република Бугарија, чија имплементација ја гарантираат нашите стратешки партнери, ЕУ и САД.
На Република * Македонија и треба вистински политички дијалог, но не на интимни средби на полноќ, туку во достоинствен политички формат, со јасна застапеност на сите граѓани, каде што ќе може да се разговара за суштински прашања од значење за државата.
Основниот модел на мултиетничкиот карактер на државата е систематски загрозен, како и процесот на интеграција на земјата во Европската унија.
Тоа се два стратешки столба кои сериозно ја загрозуваат долгорочната стабилност и просперитет на државата и тоа треба да бидат приоритетите на кои треба да се води вистински политички дијалог“, реагираат интегративците.






