За дедо ми, Илинденецот Мишко (ВИДЕО)

Огромен дел од македонските граѓани меѓу своите претци имаат дедовци, баби, прабаби и прадедовци кои што се бореле за Македонија.



Некои од нив се бореле во Илинденското и другите востанија, некои се бореле со партизаните во втората светска војна, некои во 2001 година.

Дел од нив се бореле и преживеале, некои во младоста или повозрасни загинале за Македонија.

Некои добиле илинденски и партизански споменици некои се непознати за пошироката јавност но сите се заслужни за независна Македонија.

Ова е топла интимна приказна за еден таков херој кој на млади години имал храброст да се судри со моќната турска империја.

Приказната за дедо Мишко од Кленоец од татко Дејан ја раскажуваат неговите предци кои се горди на својот малку познат македонски херој.

Автор и рецитира Братка Дејаноска Милчевска.

Во спомен на нејзиниот дедо Мишко, сакајќи да ја исполни желбата на нејзиниот татко Драган, да се слушне за неговиот татко Илинденец.