За Грчев спорни се спомениците од левата страна на Вардар, на десната се е по закон и устав

Претседателот на комисијата за ревизија на проектот “Скопје 2014” нема никаков проблем со споменикот на Скендербег и другите споменици направени по желба на ДУИ кои што се сместени на десната страна на Вардар.



Тој воопшто не спомена дали и кај нив се забележани нерегуларности и нарушување на уставот што може да биде причина за уривање.

Спомениците на Андон Јанев-Ќосето и на Мајка Тереза, треба први да бидат отстранети, а по нив и тие на Александар Македонски, на Филип Втори и на порта „Македонија“, најави предходно претседателот на Комисијата за „Скопје 2014“ при Министерството за култура, Мирослав Грчев.
„По завршувањето на комплетните елаборати за спомениците ‘Ќосето’ и ‘Мајка Тереза’, каде што беше утврдена нерегуларност од повеќе аспекти и беа приоритетни пред Комисијата за ‘Скопје 2014’, следни на увид се ‘Александар’, ‘Филип’ и портата ‘Македонија’. Во овие случаи најгрубо е прекршена основната законска регулатива, односно Собранието не одлучувало за нив, иако така наложува законската постапка. Со тоа е прекршен Уставот и затоа ќе мора бргу да се реагира. По завршување на елаборатите, како што наложува постапката на Комисијата, тие ќе треба да бидат отстранети“, изјави Грчев за „Макфакс“.

Собранието не одлучувало ниту за спомениците со кои ДУИ се фалеше на последните парламентарни и локални избори но за Грчев тоа не е причина и нив да ги спомене во својот план за уривање.