Патот Тетово-Призрен останува еден од проектите за кој најмногу се зборува меѓу лидерите на ВРЕДИ во Македонија и владата на Курти во Косово, објави ТВ21.
Додека Косово го изгласа договорот за проектирање на тунелот под Шар планина и одвои финансиски средства за експропријација на земјиштето каде што ќе минува патот, во владата на Северна Македонија сè уште не е помината ратификацијата на договорот.
Со тунел од 200 милини евра Тетово ќе се поврзе со Призрен
Градоначалникот на Тетово, истовремено еден од лидерите на ВРЕДИ, Биљал Касами, рече дека сега Македонија ќе треба да го ратификува договорот за објавување на тендерот за отворање на тунелот, но на прашањето кога, Касами рече дека тоа ќе се случи на првите седници на Собранието.
„Сега Владата на С. Македонија покажува вистинска посветеност, не само декларативна, знаете дека јас и премиерот Курти излеговме да промовираме пат што го поврзува Вејце со Тетово, потоа почнаа процедурите за распишување на тендерот за проектот за поврзување на Тетово со Призрен.
Според информациите што ги имаме, тој е поминат во Собранието на Косово, сега истиот договор ќе треба да помине и во Собранието на С.Македонија, за да може да се распише меѓународниот тендер и да се започнат процедурите.
Верувам дека на првите седници ќе почне ратификацијата на договорот бидејќи ратификацијата е меѓу двете влади за да почнат процедурите за распишување на тендерот за проектирање на тунелот“, вели Биљал Касами.
Проектот, како што изјави премиерот на Косово, Албин Курти, ќе чини 200 милиони евра. Половина од проектот треба да го финансира Македонија, но засега нема конкретен чекор од страна на македонската влада. Останува да видиме дали со ребалансот на буџетот ќе има средства за овој пат за кој толку многу се зборува и ветува.






