Зајкова негира дека е дел од пратеничката група со СДСМ – делувала независно

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, продолжува да делува независно во Парламентот. Ги негира информациите кои доаѓаат од СДСМ, дека е се’ уште дел од нивната пратеничка група од причина што ниту до нив, ниту до Собранието не испратила писмен допис за своето поинакво делување. Вели дека, не чувствува ниту потреба  да го стори тоа и дека не е загрижена поради внатре-партиската иницијатива за нејзина смена по дистанцирањето од досегашните коалициони партнери – пренесе Телма.



Зајкова тврди и дека немала понуда да се приклучи кон парламентарното мнозинство, а и кога би се случило тоа, првин би разговарала со членовите на партиските тела, кои треба да донесат одлука.

Инаку, членови од нејзината партија собираа потписи за смена на раководството, обвинувајќи ја дека кокетира со власта. Таа, пак, тврди дека се работи за 5-6 лица кои поради лични амбиции  собирале потписи од претседатели на општински организации што биле распуштени од претходниот претседател и фалсификувале потписи од починати лица.

Закова тврди дека тоа е завршена приказна и сега се фокусира само на работата во Собранието.