Шегите на социјалните мрежи за говорот на македонски јазик на министерот за екологија Садула Дураку се меѓу најсилните аргументи во дебатата за потребата од албанскиот јазик како втор службен во земјава.
„Ова е најдоброто сведоштво зошто е неизбежно албанскиот јазик да стане втор службен во Македонија. Ова ниво на познавање на македонскиот јазик од страна на министер во македонската влада е навредливо за македонските граѓани. Подобро е да се говори албански отколку да се измислува нов македонски дијалект“, се вели во еден коментар на социјалните мрежи, кој го пренесуваат медиумите на албански јазик.
Коментаторите на Фејсбук и во медиумите не мислат дека е поедноставно сите граѓани да го научат сега официјалниот македонски јазик.
Како Дураку збори македонски во видеото на порталот „Монитор.мк“.





