Така портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да го помилува неговиот син Хантер во две судски постапки.
Бајден изјави во неделата дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и поврзани со носење огнено оружје, оправдувајќи ја својата одлука со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење.
„Тоа е карикатура на тема демократија“, изјави денеска Захарова во коментар за одлуката на Бајден, пренесe Њусвик
Иако откако ја презеде функцијата вети дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда, Бајден образложи дека до сега стоел на таа одлука, иако гледал како неговиот син „неправедно гонат“, пренесе Ројтерс.
Бајден оцени дека Хантер бил кривично гонет само затоа што е негов син.
Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал „целосно и безусловно“ помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година.






