Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои учесници на Евровизија!
Марија Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа.
„Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, односно вештерство и ритуално светољубие во Западна Европа. Немаше изненадувања“, напиша Захарова на Телеграм.
Захарова објави и краток клип на кој се прикажани настапите на Ирска, Финска, Сан Марино, Украина, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Естонија и Хрватска.
Овогодинешниот победник е претставникот на Швајцарија, познат под псевдонимот Немо, кој во неизвесен финиш ѝ ја одзеде победата на Хрватска. (Плусинфо)





