Сe уште е потребно да се изгради доверба меѓу политичките лидери. Тие имаат уште долг пат и многу реформи за да започнат преговори за влез во Европската унија.
Зборувавме со Грција и подготвени сме да испратиме експерти за да им помогнат на владата во Скопје да ги остварат потребните реформи.
Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захарива, во емисијата „Неделата“ на едно бугарско радио.
Според неа пречка за приемот на Македонија во Европската унија била „политиката која е против соседите, против Бугарија, против Грција“.
Македонските граѓани сакале да бидат поврзани, рече таа во еден момент.
Според неа, македонската влада има многу јасен план за реформи и размислува за скорешна заедничка седница со бугарскиот кабинет, пренесуваат бугарски медиуми.





