Захариева: Годинава почеток на преговори на Македонија со ЕУ!

Министерката за надворешни работи на Бугарија прогнозира дека „Многу е реално Македонија годинава да добие покана за почеток на преговори за членство во ЕУ“,  пренесуваат бугарски медиуми.



Сепак, Екатерина Захариева истакнува постојат два услови за тоа – напредокот на разговорите за името на земјата и реформската агенда.

Министерката потсети дека Македонија има статус на кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, но нејзината политика на нерешавање на проблемите со соседите доведе до тоа веќе 12 години преговорите не се започнати.

„Драго ми е што македонската влада сфати дека политиката ‘на спротивставување’ не е политика на европските вредности“, вели Захариева.