МВР го расчисти случајот со тепачка што се случила на Бит Пазар, каде бил вмешан и затвореник од Идризова.
Во тепачката затвореникот употребил и оружје.
„На 09.08.2024 година во 17,30 часот во Скопје било пријавено дека во регионот на Бит Пазар настанала вербална пресметка помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51), двајцата од Скопје.
При тепачката Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент го оштетил и автомобилот „голф“, сопственост на Х.В..
Бидејќи Н.В. е лице на издржување казна во затворот Идризова, по наредба на Основниот суд Скопје извршена е рација во неговата куќа. Со упатство на ППТ, лицето е спроведено во затворот Идризово“, се вели во соопштението на МВР.






