Нема подобра храна за овој период од годината кога имунитетот паѓа, кога времето се менува и се појавуваат првите настинки и температури. Леркарствата се едно, лажицата полна со вкусна черба е нешто друго, но и неопходно.



Потребни состојки:
500 грама-телешко со коска
Моркови
Компири
Кромид
Целер, грашак,
Магдонос,
Коцка
Масло
Сол, пипер, вегета, брашно, црвено пипер

Подготовка:
Телешкото месо со коска со морковите, кромидот, компиров, грашакот и целерот се вари долго, неколку часови, по што месото се дели од коските. Во тава се става маслото и се прави запршка со брашно и црвен пипер која се става во тенџерото. Сето се дополнува со сол, вегета, бибер по желба, а можете да ставите и фиде.
Сето се проварува уште малку, за да се спои и се јаде топло.